Ансамблот за народни ора и песни "МАКЕДОНКА" од Охрид, Р. Македонија е основан во 2006 година. Ансамблот се состои од: група за народни ора, детска група за народни ора, народни пејачи и оркестар.За краток период групите постигнаа голем успех и добија многу признанија. Во ансамблот членуваат повеќе од 250 членови од Охрид и околните села и градови, кои редовно настапуваат во трите годишни категории.Под водство на кореограф го откриваат и надоградуваат својот талент, и се запознаваат со боите и ритамот на македонскиот фолклор. Нашиот ансамбл ја воодушевува публиката со атрактивни ора, костими, музика и прекрасни гласови. Постојат неколку места на светот, кои едноставно не можат да се прераскажат. Овде во Охрид најпаметните и најмоќните луѓе низ вековите имале само една цел. - барем да ја остават нивната трага. Во библиска Македонија, секој пат водел до Охрид. Личноста која ќе дојде во Охрид, прво е восхитена или пак зачудена зошто одредени места се избрани да бидат различни, чудесни и уникатни во целиот свет. Почуствувај го Охрид барем еднаш во твојот живот и ти веднаш ќе знаеш зошто повторно ќе се вратиш и зошто едноставно не може да го прераскажеш. 
|