|
Ансамблот за народни ора и песни "МАКЕДОНКА" од Охрид, Р. Македонија е основан во 2006 година. Ансамблот се состои од: група за народни ора, детска група за народни ора, народни пејачи и оркестар. За краток период групите постигнаа голем успех и добија многу признанија. Во ансамблот членуваат повеќе од 250 членови од Охрид и околните села и градови, кои редовно настапуваат во трите годишни категории. Под водство на кореограф го откриваат и надоградуваат својот талент, и се запознаваат со боите и ритамот на македонскиот фолклор. Нашиот ансамбл ја воодушевува публиката со атрактивни ора, костими, музика и прекрасни гласови. Репертоарот на ансамблот вклучува ора, кои влечат корени од различни етнографски краеви на Македонија, како: · "Тресеница" - женско оро од Мариово, област блиску до градот Прилеп, централна Македонија. · "Калајџиско" - кореографијата е од централниот дел на Македонија, поточно од околината на градот Велес. · Ора и песни од "Егеј" - дел од Македонија · "Драчевка" - оро од Драчево, област во околината на градот Скопје · "Седенка" - кореографија инспирирана од источниот македонски фолклор. · "Водарки" - женско оро кое е композиција од различни песни и ора, претежно од источна Македонија · "Осоговско - малешевска плетенка" · "Фолклорна фантазија" · "Пиринско пролетно цвеќе" · "Комитско" · "Кадриљ" (Руска кореографија)
Нашиот ансамбл е организатор на интернационалните и традиционални фолклорни летни фестивали: “Св. Кирил и Методиј’’, “Разиграно оро“, “Охридско Сонце“ и сите се одржуваат во Охрид |
ЗА НАС 



