You are visiting:ПОЧЕТНА arrow ФЕСТИВАЛИ _DATE_FORMAT_LC

          Ансамблот за народни песни и игри “МАКЕДОНКА“ од Охрид е организатор и ко-организатор на три фестивали кои се одржуваат во Охрид:

             1.   “Св. Кирил и Методиј“ од 22 до 26 Мај

             2.   “Разиграно оро“          од 20 до 30 Јуни

             3.   “ Охридско Сонце“  од 20 до 30 Август

          Фестивалите се меѓународни и на нив учествуваат Ансамбли од целиот свет.

Истите се организираат со цел заедно да уживаме во најразличните култури презентирани преку игрите, музиката како и колоритните носии.

Учесниците покрај запознавањето со најразлични култури од повеќе земји во светот ќе имаат можност за дружење и стекнување на нови пријателства.

          Покрај тоа, учесниците имаат можност да се запознаат и со убавините на нашиот град Охрид кој е под заштита на УНЕСКО заедно со Охридското Езеро.

Фестивалите се одржуваат во Охрид, Р. МАКЕДОНИЈА.

          Охрид е сместен во југозападниот дел на Македонија покрај  Охридското Езеро во подножјето на планината Галичица. За подетални информации за градот посетете ја веб страната http://www.ohrid.com.mk/

          Организаторот на фестивалите е одговорен за:

1. Сместување на учесниците во хотел со категорија *** или во други соодветни хотели од сличен ранг (двокреветни и трокреветни соби)

2. Исхрана (три оброци дневно, за времетраење на фестивалот)

3. Организација на настапите на учесниците, дефилето, како и екскурзиите во Охрид и неговата околина

4. Обезбедува пригодни подароци и диплома за Ансамблите - учесници

          Должности на учесниците:

1. Секоја група треба да е составена најмногу од 40-45 членови, вклучувајќи ги играорците, музичарите. водачите на групата, администрација и возачи.
2. Да понесе со себе знаме на земјата која ја претставува.

3. Да припреми програма во времетраење од 20 - 30 минути.

4. Секоја група може да одбере термин од 4-5 дена во наведениот термин од 10 дена за фестивалите Разиграно оро и Охридско сонце

 

Котизација на секој од фестивалите е 20 Eвра на ден за секој учесник.

Оваа котизација е за покривање на дел од трошоците за хотел, храна и други трошоци.

Доколку сте заинтересирани за учество на нашите Фестивали можете да ја погледнете програмата за секој од нив

со избирање на фестивалот за кој сте заинтересирани од главното мени.

 


 

 
Јазик
     

Време
Click for Охрид, Macedonia Forecast

Parse error: syntax error, unexpected T_VARIABLE in /home/kiromak/public_html/ansamblmakedonka.com/modules/mod_coolhits.php on line 62